(ВИДЕО) Бегалец: Ние не сме терористи, луѓе сме, исти како вас

Од:

Бегалец од Сирија пред поаѓањето на возот кон Србија кажа дека неговиот сон е да оди во Германија и дека поминал вистинска голгота додека дошол до тука.

-Јас сум од Сирија. Јас немам повеќе ништо, ниту пари, ниту куќа, ниту држава, ништо немам. Тоа е голем проблем, затоа сега одам со моето семејство во Европа, рече тој.

-Овде дојдов од границата преку Грција, немаме повеќе ништо и навистина сме премногу уморни. Тука има премногу армија, но ние не сме терористи. Зошто е армијата тука, ние сме луѓе, ние сме како сите вас, исти сме . Башар ал Асад е голем проблем, Сирија беше мирна земја, сега ја направи лоша држава. Јас сака да одам в Германија, ја мрзам мојата држава. Моја држава сега е Европа.

За да поминам низ Македонија, пет пати доаѓав од Измир до Грција и толку пати ме враќаа. Ми ги зедоа сите мои пари и сега немам ништо, но имам сон, а тоа е да одам во Германија, и сега одам во Германија, рече тој.

Би можело да ве интересира

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ