ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Од:

Јанко Бачев како претставник на Единствена Македонија во Собранието поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993 за Македонија да не влезе во НАТО.

Според Бачев, НАТО е фашистичка организација.

„Тоа е геноцидна организација која сака да нема Македонија и Македонци. Македонија иднината треба да ја гледа во стратешкото партнерство во Евроазиската Унија, односно Русија”, рече Бачев.

Тој апелираше до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не постапи исто како со иницијативата за амнестија која ја поднела НДМ, додавајќи пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на висината на задачата и да ја усвојат иницијативата за која треба просто мнозинство. Тој додава дека за нив Талат е нелегитимен претседател и да внимава што прави.

Единствена Македонија е новото име на партијата Народно движење за Македонија, кое лидерот Јанко Бачев го претстави неодамна, кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата. Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската Унија.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска