(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење

Од:

„Пред нас се уште едни избори на 15 јули. Триесет години се менуваат на власт СДС и ДПМНЕ а на земјата не и оди добро. Повторно ги слушаме истите лаги од ДПМНЕ и СДС за кој во изминативе 30 години гледаме беззаконие, криминал, корупција и растурање на државата.

Заев го брише името на државата, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но од друга страна Мицковски го прифаќа предавството и вели дека нема да ги поништува антимакедонските договори.

Заев и Мицкоски се марионети во рацете на ѕверот и работат против Македонија. Тие ја продаваат Македонија. Мицковски не застана со народот на бојкот на референдумот и не се приклучи на протестите и блокадите против промена на на Уставот. Мицковски му позајми на Заев 8 пратеници за да се изврши националното предавство. Милион и двесте илјади македонци кои го бојкотиравме референдумот, Мицковски не’ нарече фекалии“, кажа претседателот на Единствено Македонија, Јанко Бачев.

„Ова се сите аргументи од кои можеме да заклучиме дека Заев и Мицковски се како два столба од една фудбалска статива кои цврсто се држат и ја рушат Македонија. Ако се тргне од стативата едниот дирек Мицковски, ќе падне другиот дирек Заев, но Мицковски е потпорен столб на Заев и ниту еднаш не се приклучи со народот за да падне Заев. Затоа, гласот за Мицковски на овие избори е глас за Заев, а глас за Заев и Мицковски на овие избори е глас на националното предавство и грабежот.

15-ти јули ќе биде крај на предавството. Народот ќе победи. Потребна е национална и патриотска партија во парламентот. Со “Единствена Македонија ” во парламентот, наспроти коалициите на ДПМНЕ и СДС со албанските партии, се’ ќе биде поинаку.

Ајде што 30 години ги трпиме ДПМНЕ и СДС и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот од околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата. Но, на изборите ќе се соочат со народот. Ќе видиме дали ДПМНЕ и СДС на 15 јули можат да го излажат народот.

Убеден сум дека народот е свесен дека нема повеќе право на грешка и дека ќе одбере национална и патриотска партија во која може да и верува. Потребна е патриотска партија, потребна е “Единствена Македонија”во парламентот. На 15-ти јули ќе си ја вратиме државата назад, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот.

Економската наука ги измислила механизмите како се прави добра држава со висок стандард, потребни се само чесни политичари. Мојата 28 годишна, професионална кариера без ниту една криминална дамка, повторувам без ниту една криминална афера е силен аргумент да ја побарам довербата од вас на изборите, гордо и со крената глава.

Почитувани избирачи, не треба да им оставиме простор на Мицковски и Заев и надеж за нивниот забеган филм. Со “Единствена Македонија”во парламентот им порачуваме дека не можат да ги продаваат македонците, да им се порача дека биле, сме и ќе останеме македонци.

Давам збор, ветувам дека нема да ја предадеме Македонија. Нашата земја е нашата татковина “Единствена Македонија ” никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници македонци и македонки кој ја пролеаа за нашата горда Македонија.

Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ , кажувам директно и јасно ние од “Единствена Македонија” сме во политиката да ги исправиме и одбраниме највисоките македонски интереси. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ќе се бориме и за Македонија. Ова не е битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небите, ова не е битка на индивидуалци и лидери, тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија, битка која само заедно можеме да ја победиме.

Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето. Нашата борба е света должност. Ние ќе се бориме, почитувани избираши од вас и вашата волја зависи тоа дали ќе успееме.

Гласајте за “Единствена Македонија” и за коалицијата “Никогаш северна-само Македонија” и бројот 11. Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење“, изјави Бачев.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска