ВИДЕО: Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

Од:

Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари, информираат од Град Скопје.

– Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот „Видое Смилевски Бато“, како и на велолентите на улиците „Христо Татарчев“ и „Рузвелтова“ и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски изврши увид во градежните работи на оваа значајна велосипедска делница.

Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.

Како што известуваат, Градот Скопје минатата година целосно го реконструирала коловозот на булеварот „Александар Македонски“ во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.

Значајно е да се нагласи и дека велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата „Васко Карангелевски“, на булеварите „АСНОМ“ и „Никола Карев“ и на клучката кај Момин Поток, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија