(ВИДЕО) Атанасов: Владата веднаш да се повлече од државниот испит и измените

Од:

Владата и Министерството за образование се исплашија – затоа се обидоа да ги пресретнат факултетите, од коишто секојдневно излегува јасно НЕ за државниот испит. По правниот факултет, намерата на Владата за т.н. државен испит ја отфрли Факултетот за драмски уметности, вели Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Последната информација е дека во петокот професорите на Факултетот за земјоделство категорично застанале против владиниот државен испит. Оценките на професорите се недвосмислени. НЕМА потреба од дополнително оценување на студентите, со што Владата им го загрозува на студентите уставно загарантираното право на образование и влегува во автономијата на универзитетот, додаде Атанасов.

Тој вели дека затоа се викенд избрзаните, брзоплети, нелогични образовни измени, во коишто Владата го спакува и т.н. државен испит и ги пушти во недела попладне невешто да ги правдаат Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски.

По 10 илјадниот масовен студентски протест и недвосмислената широка поддршка, да се решиш насила да спроведуваш спротивен став значи само едно.

Владата вчера објави дека влегува во пресметка со општеството. Со студентите, со наставниците, со професорите, со сите!

Со тоа го покажаа својот страв од општествената свест.

Прашуваме, уште колку штети треба да се случат од образовните експерименти?

Во Извештајот на Европската комисија во Поглавјата 24 и 25 за наука и образование е јасно констатирано дека Министерството за образование има “слаби капацитети за реализација на проекти, има недоволен мониторинг на политиките и финансиите за нивно спроведување. Институциите за образование имаат големи структурни слабости што се далеку од таргетите на ЕУ“.

Сериозно сме загрижени од крах на образовниот систем во Република Македонија.

Бараме Владата на Груевски и Министерството за образование веднаш да ги повлечат новите необмислени измени и да престанат да носат одлуки без експертската јавност и спротивни на волјата на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните