ВИДЕО: Астролози и бајачки-мобилизација против опозицијата

Од:

Малку како астролог, повеќе како политичар. Настапот на астрологот во утринската програма на Сител кој кажа дека како визионер што гледа се во сон, видел дека опозицијата прислушувала и веќе и нанела голема штета на државата.

Илија Бошков Крајнички претставен како парапсихолог, астролог, новинар но и политички аналитичар ги повтори истите зборови кои ги слушаме деновиве дека „Заев е пуштен низ вода“ и ќе дојде до големи бури во редовите на опозицијата.

-Заев е пуштен низ вода, со самото неприсуство на Бранко Црвековски во Универзалната сала. Опозицијата направи голема штета на државата, со ова немаат никаква корист, сами се демантираат, не ја добија меѓународната поддршка. После 8 ми април актулената власт ќе ја добие директната поддршка. Кај нас има преседан, опозиција да прислушува позиција, рече Клинички.

Крајички во утринската програма кажа дека Црвенковски ќе бил ликвидиран.

-Бранко Црвенковски ќе биде ликвидиран од оние што го опкружуваат, рече Крајички кој за тоа имал визија во 2007 година.

Западот не прати обвинители, со што се докажа дека прислушува опозицијата и ова добро дојде за обичниот човек-зашто дојде до бенефит кај земјоделците со поплавите. Опозицијата ја пробуди власта, тие повеќе си нанесоа штета. Од оваа криза Македонија ќе излезе посилна, но ќе се уништи опозицијата, рече Крајички.

-Најголемата грешка е со Заев, со самото прифаќање на аболицијата тој призна дека е виновен. Нелогично е некој што е обвинет за криминал да го ставите на функција, рече Крајички.

Груевски ќе мора да ги смени Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска зашто дозволија некој четири години да снима, иако морам да прознам дека Гордана има големи успеси, успеси има и Сашо Мијалков, рече Крајички.

Тој кажа дека ќе дојде до пад на сегашните функционери во СДСМ и предложи да свикале Конгрес на кој би бил избран што побрзо нов лидер како замена за Зоран Заев.

-Јас да сум на местото на Бранко сега би се вратил да ги престројам во СДСМ, рече Крајички.

Тој заедно со водителката на крајот заклучија дека бомбите не е во ред секој ден да се објавуваат зашто наликувало на турска серија, односно истите тие серии кои секој ден се емитуваат и се најгледани од целата програма.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски