(ВИДЕО) Арсовски: Заев и СДСМ им кратат на професорите во основно и средно образование 5.660 денари од платата месечно

Од:

„Зоран Заев и СДСМ им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец.

Оваа власт за само една година на еден професор од основно или средно образование, му крати односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.

Наводното покачување од 10% е само замачкување на очи и прикривање на овој грабеж кој го прават врз просветните работници“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%.

Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари тогаш согласно закон и колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев.

Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги изманипулира. И не им ја дава платата која со закон им следува.

Лагата повеќе не поминува. Наставниците и професорите знаат дека заслужуваат повеќе и тоа е нивно законско право и не зависи од Зоран Заев, зависи од Законот.

Наставниците и професорите треба да си го добијат она што го заслужуваат со закон. Без притоа Зоран Заев да се фали дека воопшто нешто им дал како покачување, бидејќи тоа е нивно стекнато право, како просветари кои се столбот на системот и државата.

На лагите на Зоран Заев и СДСМ им нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина.

Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособната влада, затоа по 12-ти април доаѓа реформска влада, доаѓа влада која што ќе изврши обнова на Македонија, и која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува колективниот договор потпишан 2010-тата година“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?