(ВИДЕО) Арсовски: Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Македонија

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија. Таков е и случајот со еден од осудените од случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец.

Вилма Русковска ослободувајќи го осудениот од случајот „Рекет“ и пуштајќи го на слобода дали уште еднаш сака да докаже дека е соучесник во случајот „Рекет“, притоа помагајќи ги нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите“, прашува Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вилма Русковска од самиот почеток на случајот, истрагата ја водеше непрофесионално и аматерски.

Најпрвин, им остави време на инволвираните да прикриваат докази и траги. Потоа доцнеше со истрагата, во среде случајот си отиде на летен одмор со целото обвинителство. Со очајни напори се обиде да го прикрие изнесувањето на доказите за случајот „Рекет“. И со пиунот на Зоран Заев, Љубомир Јовевски се обидоа да ја ограничат истрагата само на тројца несреќни извршители, за веднаш потоа да се испостави дека имало и многу инволвирани, вмешани од врвот на СДСМ.

Ослободувањето на Зоран Милески Кичеец, веќе осуден за случајот „Рекет“ е само показател дека Вилма Русковска работи директно под диктат на Зоран Заев и свесно сака да го прикрие случајот „Рекет“, односно сите докази и трагите, се со цел за да прекине Зоран Милески да ја разоткрива вистината во своите искази и сведочења.

Ако од нешто се плаши Зоран Заев, тоа е од разоткривањето на случајот „Рекет“ бидејќи и самиот директно е вмешан во истиот. Впрочем според исказот на веќе ослободениот Кичеец, Заев му кажал на Бојан 13 дека се пријавени за случајот „Рекет“ во Влада.

Одговорност за сето ова мора да има. И за инволвираните, и за нарачателите, но и за оние кои што помагаат во прикривањето на случајот како што е Вилма Русковска“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски