(ВИДЕО) Арсовски: Заев е кукавица кој бега од дебата

Од:

„Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. Зоран Заев избега од дебатата на која го повика нашиот Претседателот, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е Премиер со зајачко срце.

Ова доволно говори дека Зоран Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата кои граѓаните секојдневно ги поставуваат.

Ова доволно говори дека Зоран Заев бега од Претседателот Мицкоски затоа што ќе треба да даде одговор за сите криминалии кои ги прави оваа Влада на СДСМ во моментов“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Премиерот со зајачко срце не го пуштаат на дебата затоа што ќе треба да одговори зошто тендер од 35 милиони евра беше даден на фирма регистрирана само неколку месеци претходно?

Заев не го пуштаат на дебата затоа што ќе треба да одговори зошто Испитниот центар за полагање за возачки дозволи е даден на дете од 26 години кој отворил фирма неколку дена пред огласот?

Зошто се префрлаат тендери и пари од ќерката директор на таткото бизнисмен?

Заев ќе треба да одговори кој ги зема милионите евра од учебниците што им доцнат на учениците?

Заев бега од дебата затоа што ќе треба да одговори зошто се даваат 670.000 евра за цвеќиња, а нема пари за лечење на деца во странство и деца кои што се заболени од ретки болести?

Заев ќе треба да одговори колку е заработката на брат му Вице Заев од превозот и транспортот во РЕК Битола?

Заев ќе треба да одговори колку време ги смислуваа криминалните иновации кај нив во партија и Владата преку кои испумпаа милиони евра преку нивни блиски функционери и нивни блиски роднини?

Ете затоа што Заев е фатен жив во тешки криминалии и бизниси, затоа бега од ТВ дуел со Претседателот Мицкоски.

Бега затоа што бегањето му е единствен спас од целата оваа ситуација, но факт е дека еден ден кога ќе заврши целото ова лудило, нема да избега од судот кој ќе е независен и нема да е во прангите на Заев и СДСМ, и ќе одговара за сите овие работи кои што ги прават сега во моментот“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски