(ВИДЕО) Арсовски: Заев да одговори дали ќе си даде оставка кога ќе изгуби на изборите

Од:

„Република Македонија, граѓаните и СДСМ се заложници на очајниот истрошен политичар Зоран Заев.

Длабоко во себе како што можете сите да забележите од јавните настапи Зоран Заев е исплашен и свесен дека рејтингот му е во минус, во слободен пад, избегнува лидерски соочувања со претседателот и иден премиер на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Зоран Заев има обврска да одговори на едно и единствено прашање и се уште чекаме одговор и ние и целата јавност, а тоа е, дали сега, кога ќе ги изгуби на изборите на 12-ти април, веднаш, вечерта на прес конференција јавно ќе си даде оставка и ќе си замине засекогаш од политиката?“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Зоран Заев кога ќе изгуби на 12-ти април вечерта ќе се тргне од политичката сцена и ќе се соочи со институциите за се што има сомнеж дека направил криминално односно дали после тоа веднаш ќе даде оставка за да продолжи да одговара низ институциите.

Ајде да видиме колку е сигурен Зоран Заев во својата победа, каде што веќе и неговите најблиски и самите кажуваат и брифираат дека заминуваат во опозиција и веќе му ја кројат капата народски кажано на Зоран Заев внатре во партијата, па така нека каже дали кога ќе изгуби на изборите на 12-ти април ќе си даде оставка и ќе се повлече?

Како што реков, Зоран Заев е исплашен, истрошен и очаен политичар. Се плаши и од судот на народот, се плаши и од судот на неговото изневерено членство кое што го изневери, но се плаши од судот кој нема да биде под неговите канџи после 12-ти април и ќе работи согласно Уставот и Законите.

Заев е исплашен затоа што нема повеќе кој да го амнестира и ќе мора да сноси одговорност.

Овие избори граѓаните ќе бираат наспроти лагите на Заев и СДСМ, криминалот на Заев и СДСМ, корупцијата на Заев и СДСМ, рекетот на Заев и СДСМ, катастрофалното здравство, образование, правосудство и се останато, наспроти честа и достоинството на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, визијата и програма за Обнова на Македонија, капацитетот и знаењето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, принципите и чесната понуда и програма на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев изминативе години е историска катастрофа за Република Македонија, а после 12-ти април ќе биде само една историска фигура на ѕидот на политичкиот срам кој ќе одговара за сите свои постапки направени изминативе години“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО