(ВИДЕО) Арсовски: Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка

Од:

„Владата на СДСМ, како на локално така и на централно ниво покажува целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид. После триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа не го гледаат само охриѓани, тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, но како што можете да зебележите и светската експертска јавност од УНЕСКО“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид околу изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба која се врши спротивно на прописите го загрозува овој објект кој повторуваме е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако експертите и граѓаните цело време алармираат.

Да потсетиме и за случајот со хотелот во Лагадин за кој Заев лично се заложи да биде изграден иако истиот прекршува 12 закони и се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото што директно го загрозува овој природен заштитен појас, кој меѓу другото е и еден од условите Охрид да биде на листата на УНЕСКО.

Сличен случаи се и самоволието кој владее во градот во старото јадро на градот, кај што во старата охридска чаршија непосредно до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси на власта односно само заради тоа што има претходен договор актуелниот градоначалник на Охрид. Патем во овој случај биле нападнати и две инспекторки од Управата за заштита на културно наследство како и медиумска екипа која што известувала за случајот и нормално за тоа никој ниту се извини, ниту понесе одговорност.

Во сите овие случаи гледаме дека власта молчи и замижува пред уништувањето на природното и културното наследство во Охрид поради кое градот е ставен на листата на УНЕСКО за заштитени подрачја. Не само што Заев молчи за овие скандалозни случаи и уште десетици други кои ги има, туку и ги охрабрува и самиот ги стимулира да продолжат понатаму. Заради тоа заклучокот е повеќе од јасен, опасноста од бришењето на Охрид од листата на УНЕСКО е поради вината на Заев, негрижата на надлежните институции и непревземањето на соодветни мерки кои што беа препорачани од страна на УНЕСКО.

Тоа на кое сите ние се гордееме, Заев го уништи само заради бизнис и партиските интереси“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски