(ВИДЕО) Арсовски: Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата

Од:

„Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 80 тина заразени. Односно во денешниот случај неофицијалната бројка е над 80 заразени е навистина голем и го достигнуваме вториот пик. Ова е страшно и ова е загрижувачки тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој еден заразен и починат човек поради заразата со ковид. Тие наместо заштита на населението паметот им е како да седнат во фотељите“, одговори на новинарско прашање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Поголема зараза од ковид е заразата на лудилото наречено Заев – Спасовски кој ја втурнува свесно државата во изборна кланица каде што ќе броиме новозаразени, ќе броиме жртви наместо гласови на денот на изборите. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број 1 мора да биде здравјето на граѓаните не личниот интерес на политичари на кои им завршува кариерата. Лошите резултати со кои се соочуваме денес е последица на лошото менаџирање во текот на изминатите 3 месеци, она што подобро го објасни докторот Игор Николов. Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев наместо да работи самостојно беа само нем извршител на диктатите и политичките желби на Зоран Заев“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски