(ВИДЕО) Арсовски: Спасовски и Заев се уште молчат за скандалот со прислушувањето во Обвинителството

Од:

„Оливер Спасовски и Зоран Заев се уште молчат и не си поднесуваат оставка за скандалот со нелегалното прислушување на обвинтиелите и обвинителството.

Цели 2 години, од 30 септември 2016 па навака до сега, биле прислушувани обвинителите од обвинителството и нивните соработници, а се уште после 6 дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак одговорност и оставки“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Оливер веднаш треба да си поднесат оставки. Заев и Оливер се двајцата најодговорни за ова што се случува изминатите 2 години и Заев и Оливер кога тогаш ќе ја сносат одговорност за сите работи што се случуваат.

Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси?

Ова се прашањата кои треба Заев и Оливер да ги одговорат и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави.

Граѓаните немаат повеќе доверба во институциите кои што ги води СДСМ.

Веднаш, ама уште веднаш, треба да се повлечат од функциите и Заев и Оливер и сите вмешани затоа што не можат да решаваат ваков случај со прислушување за кој тие самите директно се одговорни.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме, сите револтирани од оваа криминална Влада на СДСМ по сите основи по општеството, денеска во 17 часот на Плоштад ВМРО сите заедно да се упатиме до пред Владата и да го искажеме нашиот револт против оваа криминогена власт на СДСМ.

Оваа Влада мора да падне и тоа мора да падне веднаш!

Што побрзо си дадат оставки, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте