(ВИДЕО) Арсовски: Седум дена никој не знае каде е Катица Јанева

Од:

„Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот.

Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана.

Според признанијата на обвинителката Русковска, Катица Јанева до сега требаше да биде сослушана и да биде заедно со нејзиниот син во притвор“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Зоран Заев, Оливер Спасовски и Вилма Русковска ја штитат и ја кријат Катица Јанева од органите на прогонот?

Има неколку нелогичности во целиот случај и постапка. Русковска јавно призна дека знаела цели два месеца за разговорот помеѓу Катица Јанева и Боки 13 и што се се разговарало во него, но не преземала ништо по тоа прашање два месеци еве не презема се уште.

Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се останато.

Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај.

Јавноста заслужува одговори. Зоран Заев треба да си даде оставка веднаш. Бидејќи Зоран Заев го понижи народот и ја уништи Република Македонија.

Зоран Заев е главата на овој криминално-политички октопод кој рекетирал се живо и диво изминативе години под превезот на СЈО.

Затоа, оставка на Зоран Заев и предвремени парламентарни избори се решението на сите проблеми и кризи кои ги направи оваа неспособна криминална Влада на СДСМ и Зоран Заев“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”