(ВИДЕО) Арсовски: Претседателот на Советот во Неготино доделил 3 тендери на својата мајка

Од:

Очигледно е дека СДСМ нема намера да прекине со криминалот, па дури и во најмалите локални единици на уредување како што се општините со коишто управуваат. Каква Влада, такви локални функционери на СДСМ. Претседателот на Совет на општина Неготино Диме Витанов ги следи постапките на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и останатите во врска со бизнисите, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Како што можевме да видиме вчера од медиумите, претседателот на Советот во Неготино и вработен како приправник во ТЕЦ Неготино кој учествува во креирањето на јавни набавки во истата институција, Диме Витанов, во месец април и септември на својата мајка Сијка Витанова и доделил 3 тендери во вредност од половина милион денари. Мајката на Диме Витанов, Сијка Витанова е управител на фирмата Феникс М-М Сијка ДООЕЛ од Неготино и како што можевме да видиме земала тендери од ТЕЦ Неготино и ООУ Гоце Делчев од Неготино. Набавките биле за кафе, чај, пијалоци, па дури и мерни инструменти токму во институцијата каде што нејзиниот син Диме Витанов работи како приправник и општинско училиште кое исто така е под ингеренции на советот каде што син и е претседател на советот, рече Арсовски.

Тој обвини дека тоа била причината поради која СДСМ се борела за власт.

– Ги повикуваме институциите да го истражат случајот, каде што евидентно е дека се работи за класичен судир на интереси од највисок степен. Судирот на интереси е дело за кое што се одговара, бидејќи се работи за јавен функционер кој што располага со пари од граѓаните. СДСМ и нивните кадри се докажаа како недостојни да управуваат со државните институции и ресурси, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче