(ВИДЕО) Арсовски: Постојат индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Од:

„Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Она што Заев го најави од Крива Паланка постојат индиции дека засилено го прават неговите локални пајташи на терен насекаде.

Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци.

И додека милиони се земаат со високи камати никој не знае каде и на што се трошат парите со кои што не задолжува СДСМ.

Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега. Нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%. Ова е недозволиво и доказ само за едно, дека оваа власт не работи ништо и нема план за ништо и парите завршуваат во некои сомнителни дупки. Парите не се трошат за она за што се предвидени.

Дополнително најавата за ребаланс на Буџетот, фрла сомнеж дека власта ќе крати од капитални инвестиции и ќе префрла пари во сектори кои се помалку значајни.

Целиот економски крах кој ни се случува е уште еден обид за притисок врз граѓаните да се чувствуваат безпомошни за да мора да гласаат за себе укинување со надеж дека барем за некои си 30 години Република Македонија ќе влезе во ЕУ. Ако е тоа стратегија тогаш е многу погрешна. Граѓаните треба да знаат дека решението на проблемот е во заминување на корумпираната и неспособна влада на Заев, а не во себеукинувањето“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарското прашање како ја коментира изјавата на Николоски дека очекуваат се поголем број на граѓани, односно најавуваат дека ќе останат дома за референдумот и дека партијата го очекува тоа и дали е тоа директен повик за бојкот, Арсовски одговори:

„Се работи за класичен спин на одредени медиуми. Се работи за погрешна интерпретација. Како што знаете ВМРО-ДПМНЕ го објави својот став кој што помина низ сите партиски структури, Извршниот и Централниот Комитет, а тоа е граѓаните да одлучат секој поединечно како ќе постапат на 30-ти септември на денот на гласањето бидејќи се работи за наднационално прашање и треба самите да одлучат. ВМРО-ДПМНЕ верува во честа, достоинството и разумот на граѓаните и веруваме дека она кое што ќе одлучат како да постапат ќе биде правилно“.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје