(ВИДЕО) Арсовски: Омилениот рекетар на Заев на слобода од омилената обвинителка на Заев

Од:

„Секоја нормална држава може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го фатат, само Република Македонија на чело со Зоран Заев и СДСМ може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го пуштат на слобода и да го ослободат од затвор.

Додека целата држава се бори како здравствено, така и економски со кризата од вирусот Ковид-19, Зоран Заев си го ослободи омилениот рекетар преку омилената обвинителка Вилма Русковска и практично со ослободувањето на обвинитети и осудените од случајот „Рекет“ сакаат да ги прикријат сите траги за кои веќе на сите им е јасно дека водат до главата на октоподот кој што беше до пред некое време во Владата.

Замислете, кога целата јавност е преокупирана со заразата од вирусот Ковид-19, Зоран Заев и Русковска прават дилови и ослободуваат вмешаните во случајот „Рекет“ само и единствено за да ги прикријат трагите и никој да не проговори за најголемиот случај на рекетирање од страна на една власт во висина од над 20 милиони евра.

Она што уште повеќе ме загрижува, а се повеќе се говори, се слуша низ судските кулоари и еве јавно прашуваме дали е точно дека веќе е договорено и ослободување на Катица Јанева од домашен притвор и пуштање на слобода, само се чека погоден момент, а се чека и најдобар тајминг за да биде пуштен од затвор во домашен притвор и прво осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13 и практично со тоа да си го завршат Зоран Заев и Вилма Русковска својот дел од приказната“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

? За и околу новостите за случајот “Рекет” и што се очекува од Заев и СДСМ додека граѓаните и државата се борат со вирусот ‘Ковид-19’. ❓Неколку прашања што треба да ги одговори Заев..?За крај, среќни велигденски празници и ќе го победиме злото!

Posted by Dimsa Arsovski on Сабота, 18 април 2020

„И еве прашуваме и дали е точно дека во овие преговори за ослободување на Катица Јанева и Боки 13 учествувале директно еден близок роднина и еден адвокат на еден од обвинетите, заедно со блиски луѓе до Зоран Заев и еден негов близок адвокат познат на јавноста по што се очекувало потоа и ослободувањето да го спроведат Вилма Русковска и Судот?

Додека луѓе умираат од Корона вирусот, Зоран Заев си ги ослободува своите работници од случајот „Рекет“. Како што реков, на Зоран Заев воопшто не му е важно дали народот ќе умира, дали ќе има за јадење или не. На Заев единствено му е важно да го ослободи целото криминално милје на кое му должи за спроведените криминалии во кои учествува и самиот.

На самиот крај сакам да ви посакам среќни Велигденски празници и верувајте сето ова кое што во моментов го гледаме, кое што не можеме да му се спротиставиме заради корона заразата многу набрзо ќе дојдат изборите и ќе му ставиме точка на целиот криминал на Зоран Заев“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски