(ВИДЕО) Арсовски: Обраќањето на Иванов е безначајно, не знам каде забележа закана по суверенитетот

Од:

Претседателот Иванов во свој стил имаше обраќање кое е не доволно политички јасно и концизно, не знам каде тој забележа закана по суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија која единствено би му дала право да се повика на својата врвна командантна функција, изјави за А1он аналитичарот Петар Арсовски.

Тој смета дека барањата на албанските партии за двојазичност немаат никаква поврзаност со неговите ингеренции туку тоа се политички барања кои ќе ги формира мандатарот.

Обраќањето на Иванов, Арсовски го оцени како безначајно и според него повикот на Претседателот за помирување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со објавувањето на „бомбите“ на Зоран Заев туку е реакција во насока на ослабувањето на ВМРО-ДПМНЕ и јакнењето на досегашната опозиција.

– Имаше најави за помирување, не знам дали тоа значи некаква најава за широка коалиција. Во таа смисла ова обраќање останува безначајно како и сите други. Мислам дека објавувањето на бомбите нема никаква врска со евентуално помирување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Иванов повеќе реагира во насока на ослабувањето на позицијата на ДПМНЕ па сега повикува на некакво помирување имајќи предвид дека досегашната опозиција е сега малку посилна, но не мислам дека има некакви по сериозни реперкусии неговото обраќање, рече Арсовски

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовски: Пендаровски сериозно го има совладано синдромот на ретерирање

Предлогот за видео надзор се однесува само за процесите кои не може да се дигитализираат, појасни Арсовски

Арсовски: СДСМ сака да украде 600 илјади евра преку маркетинг кампања