(ВИДЕО) Арсовски: Надлежните три дена молчат за скандалот за тендерите доделени на семејната фирма на Бочварски

Од:

Три дена молк од страна на власта за скандалот во кој општина Штип и доделува тендер на семејната фирма на Бочварски. Никој од власта, ниту Бочварски, ниту Владата, ниту надлежните институции не одговараат како е можно милионски тендер да добие фирмата „Де Лукс“ Доо, фирма на чичкото Владимир и таткото Венцислав Бочварски, еден ден по неговото назначување за министер за транспорт и врски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Замислете, целокупната постапка на тендерот се води додека Благој Бочварски е градоначалник на Штип, а се официјализира првиот ден кога тој станува министер. Замислете народните пари ги претураат во приватните сметки и се прават како ништо да не се случило. Додека од друга страна секое трето тоне во сиромаштија.

За овие луѓе моралот, етиката и законот се непријатели, а криминалот и кршењето на законот најголем пријател.

Овде постои сериозен сомнеж за корупција, криминал и злоупотреба на службена должност, а никој не реагира од надлежните институции. На дело се покажува дека власта на Заев ниту се бори, ниту спречува корупција, туку напротив ја генерира, ја ствара целата таа корупција.

Вице премиерот Љупчо Николовски кој е назначен за квази борба со корупцијата, да имаше барем грам доблест ќе побараше разрешување на Бочварски, ама молчи бидејќи ова е партискиот модус операнди за лично и семејно богатење кој што го воведе Заев во Струмица, а веќе метастазираше низ цела Македонија.

Веќе не плачат 10.000 семејства што СДСМ и Заев ги крадат како во Струмица, туку веќе плачат 400.000 семејства, односно целата држава.

Тоа што СДСМ, Владата, Бочварски молчат, не значи дека јавноста не гледа кристално јасно за каква шема, веќе развиена и проверена шема на испумпување на народни пари се работи. Ете затоа Македонија тоне во корупција. Затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа. Ете затоа нема пари за основните потреби на државата и граѓаните, вклучително и за онаа несреќна изјава на директорот на струмичката болница каде што бара донации.

Ако има правна држава досега за овој случај ќе имаше отворена истражна постапка, ќе имаше одговори, но и оставки и одговорност. Но бидејќи се работи за мафија на власт, криминалот цвета, институциите го штитат, а народот за жал секојдневно осиромашува и губи“, порача Арсовски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски