(ВИДЕО) Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад

Од:

На само стотина метри од полициската станица, во центарот на градот се случи брутална тепачка, која наликуваше и на обид за убиство, а што е највознемирувачки на видеото се гледа дека и деца сведочат на истата тепачка, што би развила и последици кај децата, но она што е најважно е дека полицијата во еден ваков случај ја нема никаде – рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Дали обезбедувањето на Заев ја искористило силата и влијанието да учествува во брутални тепачки кон граѓани? Зошто СДСМ и МВР молчат дали е вмешан или не е вмешан во оваа брутална тепачка обезбедувањето на Заев и дали можеби се обидуваат да сокријат и заштитат некого“ – вели Арсовски.

Тој праша дали оние за кои се говори што се тепани, а претходно нападнале други граѓани со ладно оружје за кои се пишува, а МВР молчи и некажува, важат за блиски до структурите на СДСМ, до нивните функционери и одработуваат за нив во турско-ромските маала и од таму ја црпат силата да дивеат низ градот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски