(ВИДЕО) Арсовски: Македонија е лидер во корупција, неопходни се предвремени избори

Од:

Владата на СДСМ, конечно можат да се пофалат дека се лидери во нешто. За жал Владата на СДСМ ја направи Република Македонија лидер на Балканот и во Европа во корупција, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Република Македонија и официјално според извештајот на Траспаренси Интернешнл за 2018 година е лидер на Балканот и во Европа во корупција заедно со Косово и Албанија. Република Македонија е најкорумпираната држава на Балканот и го дели 93тото место заедно со Косово. Република Македонија е најкорумпирана држава во Европа. Замислете пред нас се сите балкански земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Црна Гора, сите“, рече Арсовски.

Тој додаде дека пред нас се држави од типот на Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други афрички држави.

„Со должна почит кон овие афрички држави, но Зоран Заев ја спушти Република Македонија пониско и од нивото на Африка. За жал со ова гледаме дека Македонија не е само најкорумпирана во Европа, туку е и меѓу најкорумпираните држави во Африка. А, впрочем како нема да биде најкорумпирана кога оваа Влада на СДСМ ја однесе дома и ја подели на своите најблиски целата држава и сите парите на граѓаните“, истакна Арсовски.

Во таа насока, нема тендер, а да не го добие некој од СДСМ или некој од фамилијата на Зоран Заев, рече Арсовски и додаде дека причина за предвремени избори е тоа што има криминални иновации, криминални и крвави тендери, концесии за марихуани, тендери на вицепремиери, вакцини со поминат рок, набавка на бифтеци и луксузни возила, прислушување на обвинители и судии и многу други афери што граѓаните секојдневно ги гледаат.

„Зоран Заев, треба да прифати предвремени парламентарни избори и Зоран Заев да си даде оставка од функцијата за да отпочне процесот на формирање на техничка Влада и конечно да се случат предвремените парламентарни избори од кои што бега СДСМ, за да биде поразен заедно со СДСМ и испратен во историјата“, заклучи Арсовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски