(ВИДЕО) Арсовски: Лидија Димова јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите

Од:

„Навршува скоро една недела откако излезе скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција со која раководи Лидија Димова, а се уште нема никаков потег и чекор од страна институциите. Ниту од ЈО, ниту од МВР, ниту од било која друга институција.

Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра земени на лизинг и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип.

Односно, доколку навистина има сомнеж за кривично дело во претходниот скандал со фризерницата, се уште постои простор да се повтори такво дело.

Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка уште веднаш!“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, 6 дена се кријат ранг листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата.

Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите?

Ако постои сомнеж како што се појави во јавноста дека одреден проект од оние што ги добила фризерницата, не исполнувал критериуми на бодување, а сепак го добил проектот и финансирањето, тоа е голем скандал.

Затоа, Лидија Димова треба јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите за да се тргне оваа дамка, овој сомнеж од рангирањата, но тоа не ја исклучува од целиот скандал каде што има сомнеж дека се проневерени пари.

Само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не пак рангирањето кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес.

Затоа бараме оставка од Лидија Димова уште веднаш, да нема ни ден повеќе, ни минута повеќе простор било како да управува и раководи со Националната агенција и бараме ЈО, МВР, Финансиска полиција уште веднаш да отворат случај за овој сомнеж за проневера на пари каде што ќе се доведе до разрешница и крај“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски