(ВИДЕО) Арсовски: Корупцијата и криминалот најголем проблем, медиумите предмет на заплашување и притисоци според Стејт Департментот

Од:

„Извештајот на Стејт Департментот за минатата година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на Зоран Заев и СДСМ изминатите години. Корупција и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој ние како политичка партија говориме целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт. Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање“, рече портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според Арсовски, Стејт Департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција.

„Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада. Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и
несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата. Практично, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата заедно со институциите, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите е вмешана во најголемиот случај на РЕКЕТ во Република Македонија го достигнаа оваа ниво на криминал и корупција Заев наместо да се бори против корупцијата, тој ја прошири на целата територија на Република Македонија“, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека во најновиот извештај стои дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања.

„Во моментов имаме пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата, притисоци врз медиуми, се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани“, рече Арсовски.

„После 12 април ова зло кое ја преплави Република Македонија со криминал и корупција мора да си замине и веднаш после 12 парил да отпочне Обновата на Македонија. Имаме тим, имаме визија, а имаме и енергија и волја да го срушиме хибридниот режим на Заев кој беше оценет и од угледниот Економист, наспроти истрошените кадри на СДСМ и Заев. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за сe што направил“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он