(ВИДЕО) Арсовски: Кирацовски ја вработил својата сестра како советник во Централен регистар

Од:

Непотизмот е главна карактерна одлика на оваа однародена и криминогена власт. Александар Кирацовски, во време кога е Генерален секретар на СДСМ си ја вработува својата сестра на работно место Советник во Централен регистар, со плата над 36.000 денари како што објавија дел од медиумите. Дојде живот за фамилијата на Кирацовски, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е само продолжување на веќе познатата пракса за непотизам, која веќе ја видовме со вработувањето на ќерката на Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во АД ЕЛЕМ, мајката на Костадинов. Но и поделбата на високи суми на име на технолошки иновации на фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев, снаата на Цветанка Ласкова, Хари Локвенец и низа други. Вработувањето на сестрата на Кирацовски не е единствен пример за непотизам и влијание од страна на овој висок претставник на власта, како што пишуваат активисти на СДСМ на социјалните мрежи, а објавуваат медиумите дека Кирацовски неодамна си ја вработил и својата пријателка фризерка. Ова не го тврди ВМРО-ДПМНЕ ова го кажуваат видни партиски активисти на СДСМ, како што е Мери Николова, рече Арсовски.

Тој додаде дека од опозиција ветувале законска селекција и достапност на секое работно место за секој граѓанин, а сега си ги вработуваат роднините и блиските на високо платени работни позиции во администрацијата, додека обичните граѓани без партиска книшка од СДСМ не може да ни помислат да аплицираат и да дојдат до работна позиција во администрацијата.

– Дали работните места во администрацијата се достапни само за членови на СДСМ? Дали ова е достапноста на секое работно место до секој еден граѓанин? Дали се вистинити наводите во медиумите дека не може да има вработувања во РЕК Битола, Царина, ЈП Стрежево или во Општина Битола, а претходно човекот да не е во списокот на Кирацовски? Дали списокот на Кирацовски ја замени Агенцијата за администрација и тестовите кои се потребни за вработување? Доколку ова е случај, дали се ова европски стандарди кои што ги промовира СДСМ? Не, почитувани! Ова не се европски стандарди, ова се стандарди за непотизам од највисок ранг, ова се стандарди за клиентелизам и партиско полтронство, кои го тонат општеството и го влечат надолу. Непотизмот и криминогениот начин на работа мора веднаш да запре од страна на СДСМ. Граѓаните сакаат Република Македонија да биде држава во која Уставот и принципот на владеење на правото ќе се почитува. Токму затоа СДСМ мора веднаш да си замине од власта, бидејќи со оваа криминогена власт подобрување на состојбите во државата не се можни, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?