(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата непотизам опасно се шири и во Кочани

Од:

„Eпидемијата на непотизам на власта има уште едно жариште, и тоа денес ќе објавиме за Кочани. Практично со оваа епидемија на непотизам од страна на СДСМ е заразена целата држава.

Лажниот морал и целото лицемерие на власта исплива на површина, после само две години од владеењето на СДСМ. Мира Дизел, методот на вработување во СДСМ е правило на работа, а не случајност. Роднините на функционерите на СДСМ се вработуваат под државна капа, на трошок на граѓаните претворајќи ја државната администрација во партиско семејна фирма од каде што сите цицаат дебели хонорари.

Еден од многуте примери за оваа епидемија во Кочани е кој друг ако не повторно пратеник од редовите на СДСМ од Кочани, и тоа Сашко Костов“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според кои критериуми токму сопругата на Костов се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“?

Втор случај е претседателот на Советот на општина Кочани, Томе Солевски, чија сопруга се вработила во Државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Трет сомнителен случај е поранешниот пратеник на СДСМ од Кочани, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани. Нема ли други граѓани во Кочани кои исполнуваат услови за вработувања во оваа институција со надпросечни примања, па морало синот на бившиот пратеник да биде избран за ова работно место?

Има уште огромен број други случаи кај што функционери од власта во Кочани исто така се заразени со епидемијата на непотизам“, додаде Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање