(ВИДЕО) Арсовски: Димитров да ја повлече стипендијата на својата ќерка

Од:

Ќерката на министерот на СДСМ, Никола Димитров добила стипендија во висина од 40.000 евра за да студира во странство. Ни помалку ни повеќе, 40.000 евра, за студирање на престижен универзитет во Холандија во Утрехт. Замислете, ќерката на Димитров добива стипендија во вредност од 40.000 евра на универзитет во непосредна близина од нивното семејно живеалиште во Холандија, додека пак нашите студенти во Република Македонија немаат кај да спијат и принудени се да спијат во дворовите на студентските домови. Учениците немаат учебници во училиштата, најмалите немаат храна во училиштата, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Очигледно е дека животот во Република Македонија дојде само за семејствата на функционерите на СДСМ и Владата. Ќерката на Димитров добива стипендија од 40.000 евра во Холандија. Синот на Ленче Николовска, советничката на Зоран Заев добива вработување во Фондот за иновации. Снаата на Цветанка Ласкова, советничката на Зоран Заев добива грант од 300.000 евра од Фондот за иновации. Децата на Талат Џафери и Грчев добиваат вработување во ЕЛЕМ. Фирмите на Локвенец и останатите од СДСМ добиваат грантови од стотици илјади евра од Фондот за иновации. Кочо Анѓушев како што знаете добива тендери и грантови секојдневно, како само тој да работи во држава, како и продажба на својата фирма за струја ЕДС на Грција, рече Арсовски.

Како што кажа тој со тоа се покажувале дека обичниот граѓанин не е вреден, не е достоен и не е доволно квалитетен за да користи било какви благодати што ги нуди државата.

– Ова е доказ дека единствено децата на функционерите на СДСМ се достојни да добиваат стипендии, вработувања и грантови. Епа почитувани граѓани, Среќна нова ’49 година. Додека ја замајуваат државата со референдум, иднината на државата и европските вредности, граѓаните гледаат дека СДСМ се бори само за својата лична иднина и на своите деца и нивните најблиски, а со Европа и европските вредности имаат заедничко само тоа што функционерите на СДСМ се родени и живеат на тлото на Европа. Непотизам не е европска вредност. Бараме уште веднаш Никола Димитров да ја повлече стипендијата на својата ќерка и да им се извини на над 30.000 студенти во Република Македонија за ова што го направи. Со истата стипендија може да се образува некој на кој навистина му е потребна, а не ќерка на министер кој е 15тина години на разни државнички позиции, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања