(ВИДЕО) Арсовски: Бизнис интересите на Шилегов се поважни од здравјето на граѓаните

Од:

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на Скопјани. Бизнис интересите на Шилегов очигледно му се поважни, отколку здравјето на граѓаните на Скопје, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Петре Шилегов сеуште не одговори дали нов партнер на градот во бизнисот со рециклажа на опасен отпад ќе биде лицето Петар Припуз кој е криминално гонен за серија криминалии во Хрватска?

Петре Шилегов сеуште не одговори дали Петар Припуз сопственикот на ЦИОС и уште други десетина компании, ќе го пресели опасниот бизнис со најотровниот отпад од странство во Македонија и ќе ги труе граѓаните на Скопје?

Петар Припуз е човекот кој во Хрватска е гонет заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ за сериозни криминалии.

Партнерот на Петре Шилегов се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои што требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина бил купен отпадот од негова страна односно дали физички стигнал до неговите фирми.

Дали намерите на Петар Припуз и Петре Шилегов се да го преселат бизнисот на ЦИОС во Скопје и да реализираат сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што ќе се увезува и рециклира тука во Скопје, а притоа никој не води сметка во државата колку таков опасен отпад е увезено?

Петре Шилегов не води никаква грижа за граѓаните на Скопје. Со вакви криминални партнери големи се шансите и самиот Шилегов да биде предмет на истраги и еден ден да одговара за сето ова.

Ова лудило мора да престане и оваа сомнителна зделка не смее да се реализира. Најголемата цена ќе ја платат граѓаните на Скопје со своето здравје, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on