Продолжуваат најавите за мигранти и негирањето од македонската влада. Во целата дискусија се приклучи и поранешната градоначалничка Данела Арсовска.
Видеото е автентично!За сите кои имаа сомнеж, подолу е линкот до официјалната објава на националната телевизија Great Britain News. Го објавив со превод, за секој да може јасно да прочита, разбере и да донесе сопствен заклучок. Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан! Вашиот глас е важен, а вашето мислење сигнал за властите, да знаат дека граѓаните мора да бидат консултирани за тоа дали ја прифаќаат ваквата мигрантска политика или НЕ, вели во својот пост поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.
Во споделеното видео, во студиска програма, новинари и продуценти како и пратеникот во парламентот Бери Гардинер, расправаат дека мигрантите ќе се населеат во Македонија, како работна сила.
„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да остане во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде се дојдени. Затоа решението е да ги пратиме во Северна Македонија, за што ќе мора да платиме, а исто така на Северна Македонија и требаат работници, има недостаток на работна сила“, кажа новинарката Линда Доберли во студиото.
„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме , зашто таму каде што ќе ги вратиме е преопасно. Затоа им велиме, ќе ве стационираме во Северна Македонија, каде што ќе можете да работите, каде што има треба работна сила, може да основата живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде, рече Бери Гардинер во ТВ дебатата.
„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска.
