(ВИДЕО) Арсовска и Славевски се скараа за копче од микрофон: Ти си Хитлер и ситен криминалец

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот на Градот се скараа за копче од микрофонот на говорницата и седницата за советнички прашања се претвори во циркус.

– Еве овој микрофон ви е на располагање, имате фотелја која е поудобна од магарешките клупи во кои седите назад, рече Славевски за микрофонот до него затоа што копчето за вклучување и исклучување од микрофонот на говорницата не му било вратено.

Данела Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата за да му се обрати на Славевски кој пак и го одзеде правото на збор и даде нова пауза од 15 минути затоа што го кршела деловникот.

– Господине Хилтер, не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус, недолично е. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен криминалец и сте човек кој што краде. И не е во ред тоа што го правите. Тој микрофон е во сопственост на Град Скопје, истакна Арсовска.

Градоначалничката го обвини Славевски дека се изживува кон говорниците и кон неа.

– Како ние ќе се произнесеме. Вашиот капацитет е еднаков на нула. Согласно деловникот имаме право да избереме на кој начин ќе се изјасниме. Се изживувате. Ова е мојата куќа и мојот дом. Ова е Градот Скопје, рече Арсовска.

Потоа Славевски ја прекина седницата за советнички прашања и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните