(ВИДЕО) Арифи: Срцето го давам за Тетово, добивме пари за расчистување на депонијата

Од:

Според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, расчистувањето на тетовската депонија е веќе започнато, а сметот се носи во трансфер-центар. Како што рече таа, за остатоците во депонијата градот имал потреба од владина помош.

– Јас уште во девет утрината извршив инспекција со мојот тим, веќе е започнато расчистувањето на депонијата според планот и процедурите. Се работи за долгорочен проблем кој постои повеќе од 15 години и затоа ни е јасно и дека решенијата треба да бидат долгорочни. Направивме центар за трансфер кој веќе е во употреба, комунален смет на депонијата веќе не се фрла три или четири недели, а за остатоците ни требаше екстра помош, а не да ги носиме од едно на друго место бидејќи тоа не е решение. Во рамките на ребалансот на буџетот прифатено е Владата да интервенира во ова финално чистење. Ние не баравме помош, со наши можности ги правевме решенијата, но сега ни треба помош во финалната фаза – рече Арифи.

Во изјава за „А1он“ таа додаде дека компаниите што расчистуваат сега го носат сметот во „Дрисла“ и „Русино“.

Ние ги користиме тие депонии, Тетово не треба да има депонија, само ќе функционира трансфер-центарот, рече Арифи и додаде дека претходните градски власти за депонијата воопшто не барале решенија.

– Јас во Општината најдов куп долгови, но ниту едно решение за депонијата. Ние моравме да најдеме среднорочни и долгорочни решенија. Јас не го водам градот политички, туку сум ориентиран кон решавање на проблемите на граѓаните, вели Арифи и додаде дека и таа живее тука заедно со своето семејство, и дека ѝ пречело загадувањето.

– Граѓаните на Тетово може да се потсетат како било пред четири години. Ние бараме други цивилизациски решенија, без разлика колку и да се тешки бидејќи само тие се гаранција дека може да се оди напред – истакна Арифи.

На прашањето дали ќе се кандидира повторно за градоначалник, Арифи вели дека тоа е одлука што ја носат партиските органи, но додава дека нејзиното срце е во Тетово и дека живее за својот град.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов