(ВИДЕО) Архитектот и политикологот Тони Поповски: Моја поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски

Од:

Архитектот и политикологот Тони Поповски преку видео објава на друштвените мрежи, изрази поддршка кон актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, за кандидатура за втор мандат.

„Моја поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски. Во него автентичниот по граѓански каузи и проевропски граѓански сектор има докажан партнер за соработка. Пендаровски е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали. Неспорен е и неговиот меѓународен углед не само како Претседател на Републиката туку и како меѓународно угледен безбедносен експерт. Таа експертиза нас како држава и општество ни е неопходна во едно зовриено геополитичко опкружување”, напиша тој на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат