(ВИДЕО) Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

Од:

Оваа прес-конференција ја свикавме како едни од тринаесетте подносители на Иницијативата за оценка на уставноста на Закон за употреба на јазиците, познат како Закон за двојазичност. Сметаме дека има четири основи по кои овој закон мора да биде поништен. Во случајов ќе наведеме две, изјави Димитар Апасиев од Левица.

„И покрај тоа што Деловникот на Уставен суд предвидува тримесечен (брз рок на итност), еве, дочекавме после шест години скоро, Уставниот суд да закаже подготвителна седница за истиот. Првиот основ поради којшто овој закон мора да биде поништен е тоа што е пробиен преклузивниот рок за објава, односно не е испочитуван членот 52 од Уставот, што бара уставен рок од седум дена за објава. Овој закон е објавен после една година. Дека има многу правни преседани за ова се решенијата, коишто Кренар Лога, како тогашен министер за правда им ги поништи правилниците на многу свои колеги министри токму по тоа образложение. Еве ја одлуката на Уставниот суд каде што тој вели дека објавата во рок од седум дена не е техничко прашање, туку е прашање на владеење на правото.

Вакви има дузина пресуди! Уставниот суд самиот си воспостави судска пракса на коишто е потпишана Добрила Кацарска, поради којшто овој закон, без да навлегува во материјално-правно оценување на Законот, мора да биде поништен! Вториот е УКАЗОТ за прогласување на Законот, за којшто Уставниот суд има интенција. Нашите информации велат дека ДПМНЕ и ВРЕДИ одат да го „бајпасираат“, односно да го саботираат овој процес преку нивните инсталации во Уставниот суд, односно да го остават „статус квото“ – Уставниот суд да се прогласи ненадлежен за оценка на Указот којшто е патем објавен без потпис од тогашниот Претседател. Тоа, патем се нема случено во досегашната уставно-правна историја.

Еве, една уставно-судска пракса од ’98 година, кога Претседател на Судот бил Тодор Џунов. Тогашниот Спикер – Тито Петковски објавува закон без потпис на Киро Глигоров како претседател и тогаш Уставниот суд, под претседателство на проф. д-р Милан Нетков, го укинува Указот за прогласување на Законот за употреба на знамињата. Оттука, Уставниот суд има своја судска пракса која не смее да ја погази, а тоа е да го преоцени, односно да го поништи указот којшто е без потпис на претседателот Ѓорге Иванов. Сметаме дека уставните судии мора да покажат кредибилитет и да не подлегнат на нео-балистичките уцени коишто им се сервираат овие години, како и на притисоците на власта и да се повикаат само на сопствената судска пракса досега без да навлегуваат во материјална оценка на Законот. Сè што ќе биде спротивно на одлука за поништување на овој закон, ние ќе го сметаме за пораз на правото и правдата – потенцираше Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд стана жртва на етнички уцени

Левица со предлог – Закон за формирање на инспекторат за државните симболи

Горан Наумовски

Левица: Поднесовме пријава до Антикорупциска за соработници на пцујачот Јованчев кои земаат двојни паушали

Левица: СВР Велес – семејно гнездо на Тошковски

Горан Наумовски

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Горан Наумовски

Левица: Новата власт започна со партизација на правосудството со цел прикривање на криминалите

Горан Наумовски