(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Од:

На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, откри дека спротивно на Деловникот, веќе неколку месеци не се става на Дневен ред Информацијата која ја поднел во врска со Претставката на родителите на загинатите деца од трагедијата во „Пулс”.

„Сакам да ја известам јавноста дека на 7 август 2025 година до Вас како претседател на Собранието, јас како овластен предлагач имам доставено информација. Информацијата гласи: ,,Информација за добиена претставка од родителите во врска со трагичниот настан во Кочани од 16 март 2025 година.“

Анализите од праксата покажуваат дека во Собранието на РМ, вакви информации се ставале на Дневен ред за неколку дена од поднесувањето, и ова е прв пат да се чека вака долго.” – истакна претседателот на Левица од собраниската говорница.

Во своето излагање, Апасиев праша зошто оваа информација не е проследена до пратениците и зошто јавноста не е запознаена, ниту пак истата е вратена на доработка.

,,Моето прашање е дали ќе се постапи по оваа Информација што ја имам доставено како овластен предлагач?!” – праша пратеникот Апасиев.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови