(ВИДЕО) Анкета: Поврзаноста на коронавирусот со 5G мрежата е теорија на заговор

Од:

За разлика од пред околу еден месец кога преку бројни коментари на социјалните мрежи се водеа дебати каде дел граѓани тврдеа дека за ширењето на епидемијата со коронавирусот, влијаело користењето на новата технологија 5G, сега граѓаните велат дека не веруваат во ова и дека овие информации не се научно поткрепени, покажа анкетата што ја направи „А1он“.

Најголем дел од оние кои одговорија на прашањето во анкетата на „А1он“ за евентуалната поврзаност на 5G мрежата и коронавирусот тврдат дека станува збор за теорија на заговор која била пласирана од страна на неинформирана група поединци.

„Поврзаноста на болеста со 5G технологијата нема никаква врска. Според мене тоа е чиста глупост. Не верувам во овие дезинформации“, изјави еден скопјанец за „А1он“.

„Пишуваа по Фејсбук дека коронавирусот има некаква врска со 5G, дека таа мрежа влијаела на здравјето на луѓето и некои слични наводи. Но, испадна дека сето тоа е непроверено и не може да се верува во тоа“, вели друг скопјанец.

„Смешно…тоа се две различни работи, нема никаква поврзаност меѓу нив. Секако дека не верувам во вакви невистини“, додава уште една анкетирана граѓанка.

Првичните информации за наводната поврзаност на 5G со Ковид-19 беа дека Вухан бил првото место за спроведување на 5G мрежата што го уништила имунитетот на жителите на овој кинески град од каде започна да се шири пандемијата.

Набрзо, низ балканските држави по социјалните мрежи се пласираа информации дека состојбата со карантинот се користи да се поставуваат уреди за воведување на 5G мрежата. Ова информација од надлежни институции беше отфлена како неточна, но сепак кај некои луѓе остави сомнеж дека вирусот има врска со новите технологии.

„Сето ова е сомнително, непознато, одеднаш нови болести, брзо ширење, а нема лек. Остава простор да поверуваме дека ваквите информации може да се точни. Не знаме веќе во што да веруваме,“ изјави една повозрасна скопјанка.

Наводите за поврзаноста на технологијата и коронавирусот научната заедница и СЗО ги отфрлија како лажни вести кои немаат никаква научна поткрепа и апелираа до граѓаните да се потпрат само на информациите изнесни од официјални институции.

Би можело да ве интересира

Влада: Постапките за избор на органи на универзитетите ќе продолжат 30 дена по крајот на вонредната состојба

А1он

За еден ден поднесена 451 прекршочна пријава за неносење лична заштита

А1он

Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

А1он

Филипче: Не се планираат рестрикции од понеделник

Маја Илиевска-Пачемска

Филипче: Луѓето секако ќе заминеа во туристичките места, нема начин да ги спречиме

Тринаесет нови случаи на заболени здравствени работници од Ковид-19