(ВИДЕО) Анкета: Не ги читаме програмите, ама знаеме за кој ќе гласаме

Од:

Граѓаните скептични во однос на програмите и ветувањата на политичарите во изборната кампања. Најголем дел од нив во анкетата на „А1он“ изјавија дека не ги прочитале програмите на тројцата претседателски кандидати, но запознаени се со она што го нудат, преку рекламните спотови на медиумите. Велат дека ветувањата им се одлични, но само додека се соберат гласовите, отакако ќе седнат на функциите забораваат на она што го кажале.

„Не сум ги видела програмите, но тоа не е проблем. Знам што нудат и веќе 30 години го слушаме истото. Не сум задоволна ниту од едните, ниту од другите, затоа и се мислам дали воопшто да излезам на гласање“.

„Нудат, ветуваат се и сешто и убаво си зборуваат, но проблемот е што ќе исполнат. Ќе излезам на гласање, чисто од култура, но не очекувам никакви промени.“

„Едниот нуди правда , другиот НАТО и ЕУ. Сега знаеме дека правда нема, барем не овде, така што, не знам се уште не сум одлучил. Разочаран сум од судството, од државата целосно. Прегазил девојче и му намалуваат од 4 на 3 години казна, што има повеќе да се каже.“, вака одговорија, дел од граѓаните на анкетата на „А1он“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ