Ниту една географска одредница не е прифатлива за најголем дел од граѓаните кои ги анкетираше екипата на А1он.
Дел од нив, сепак, се согласуваат дека треба да биде избрано решение, но кое нема да допира во идентитетот и јазикот, а како најприфатливо дел од граѓаните го оценуваат Република Македонија Скопје.
– Република Македонија Скопје, најмалку губиме со тоа, вели еден граѓанин.
– Ниту една, јас сум Македонка и ќе останам!, вели граѓанка.
– Не гледам смисла, сигурно ќе биде некое решение донесено на сила, но сето тоа е силување на логиката, за жал игледа немаме сили ниту политички ниту државни да се избориме за уставното име, вели друг граѓанин.