(ВИДЕО) Анима Мунди: Наместо да одговара градоначалникот Костадинов, осудена активистка

Од:

Сакаме да ја известиме јавноста за невиден преседан врз активистка, волонтерка која во низа години додека општината Струмица воопшто на никаков начин не ги третираше бездомните кучиња згрижуваше, помагаше и вдомуваше кучиња од улица велат од Анима мунди.

– Шокирани од третманот на градоначалникот Костадин Костадинов, да посегне со тужба кон општествено одговорна, емпатична девојка без трошка срам и почит што благодарение на неа бројот на бездомните кучиња во неговата општина е намален. Апсурд, срам за Основниот суд во Струмица што и покрај сите приложени докази, факти дека ЈП Лана незаконски постапувала без дозвола за работа, со нерегистрирано возило и никакви обележја што за секој со здрав разум би ја оправдало реакцијата на граѓанин. Повеќе од очигледно дека за судијата е попречување на службена должност своевремено незаконска се вели во соопштението од организацијата.

Дополнуваат дека наместо градоначалникот Костадин Костадинов да одговара што издал налог за работа на претпријатие што не смеело да работи, наместо ЈП Лана да одговара што постапила прекршувајќи низа закони бидејќи немала дозвола во ниеден сегмент, пресудена и е кривична одговорност на активистката со три месеци затвор и алтернативно една година условно.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ ги осудува изјавите на „маргинален проруски политичар во Бугарија“

Изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија е недолична и злонамерна, реагира МНР

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ги осудувам иредентистичките изјави на Костадинов, очекувам реакција од официјална Софија и ЕУ

Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Катерина Ѓуровски

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не