(ВИДЕО) Ангелов: Талат Џафери не може и нема да биде министер за одбрана

Од:

Достоинство и поддржувачи на иницијативата за референдум за Талат Џафери денеска повикаа на масовност за иницијативата за референдум. Тие во Жена паркот собираа иницијални потписи за отпочнување на иницијативата за референдум.

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов обвини дека против него започнала медиумска хајка, но и дека ќе успеат да соберат 150.000 потписи.

Според него, она што се случува последниве години, по потпишувањето на амнестијата за хашките случаи, тоа не не води кон подобар соживот.

„Дали ако некој сака да имаме добар соживот го оправдува амнестирањето на злосторници?

– Дали води кон соживот кога министер за одбрана се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане. Дали е соживот градењето на музеи и споменици на УЧК? Дали применувањето на училиштата со борци на УЧК е соживот?

– Талат Џафери не може и нема да биде министер за одбрана зашто ние ќе собереме 150 илјади потписи“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он