(ВИДЕО) Ангелов: Со премиер кој нарачува шамари за градоначалник, се може да се очекува

Од:

Иако јавноста го исмеја вчерашниоот „чуден напад“ во Гошинце и иако не наседна на евтиниот штос, сепак треба да бидеме подготвени на се имајќи предвид со кого си имаме работа, изјави генерал, Стојанче Ангелов, по денешната дебата меѓу експерти и стручни лица на тема „Гошинце 2015“, а во организација на партијата „Достоинство“.

– Ние имавме премиер кој побарал да биде ишамаран градоначалникот на општина Центар, така да не би ме изненадило ништо во иднина – вели генералот.

Еден месец претходно Ангелов и соопшти на јавноста дека според негови информации се подготвува инцидент во липковскиот регион и дека албански граѓаните се потплатени со два милиони евра. Тој засега нема информации дека се подготвува нешто друго.

– Вчера бевме сведоци дека ваквиот напад во јавноста наиде на шеговит прием кај поголемиот дел од граѓаните. Не помина она упорно форсирање на провладините медиуми, при тоа вмешувајќи ме мене и Зоран Заев малтене како организатори. Миослам дека ќе размислат дали повторно да се дрзнат во организација на нешто слично – рече тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов подготвуваат офанзива

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изјавите на Груевски можат да предизвикаат сериозни инциденти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ангелов: Пописот е првиот проект доколку освоиме повеќе од 15 пратеници

А1он