(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на планината Китка е најтежок за гасење, во земјава активни се пет пожари

Од:

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

– Помеѓу нив имавме неколку исклучително тешки шумски пожари коишто избија во сред борова шума. Таков беше пожарот којшто изби во близина на границата со Бугарија, на територијата на општина Пехчево, во атарот на селото Црник. Тежок пожар за којшто не очекував дека ќе биде изгаснат. Благодарение на извонредната координација на градоначалникот на Пехчево, со поддршка на три ер трактори на ДЗС, овој пожар најпрво беше ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат. Денес не дава знаци на горење- истакна Ангелов во попладневната изјава.

Тој додава дека наредниот тежок шумски пожар беше во атарот на село Бигла, некаде на средина помеѓу Македонска Каменица и Делчево и за којшто, посочи, не очекувал дека ќе биде ставен под контрола.

-Благодарение на силната пожртвуваност на градоначалникот и сите екипи коишто ги повика на терен, со поддршка и на локалното население, овој пожар беше ставен под контрола и сè уште го држиме под контрола. Истиот не дава знаци на ширење, понекаде чади само во изгорениот дел. Од страна на градоначалникот се ангажирани многубројни екипи коишто одат по линијата каде што прекинува горењето, за да не дојде до негово повторно реактивирање, бидејќи подлогата е полна, можеби некаде и половина метар длабок слој од иглички од боровите, измешани со шишарки – барут суви, лесно запаливи. Воедно на многу места има висока и барут сува трева- истакна Ангелов.

Тој посочи дека дождот којшто вчера заврнал на неколку места во државата помогнал да биде изгаснат пожарот којшто се развиваше над село Сушица, над Коњаре, којшто претходно започна на територијата на општина Куманово во атарот на село Винце.

​-Во овој момент имаме најмалку пет активни пожари. Најтежок, најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, пожар којшто во неколку наврати го стававме под целосна контрола, пожар којшто во неколку наврати и целосно беше изгаснат, пожар на којшто пред три дена му го зададовме конечниот удар затоа што еден цел ден немаше ниту траг од горење. За жал, некои злобници, луѓе коишто од користољубие или од одмазнички мотиви упорно го палат и повторно подметнаа долга линија којашто беше неможно да се изгаси брзо. Овие злобници коишто палат ваков пожар на вакво место треба да знаат дека со нивното поведение ризикуваат да убијат други луѓе, да ги убијат жителите на многубројните села околу и под Китка- посочи тој.

Апелираше до локалното население да внимаваат на некои луѓе коишто се наоѓаат помеѓу нив, бидејќи, како што рече, имаме индиции дека потпалувачите се токму од тој регион. ​

– Им порачувам на запалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, додаде Ангелов.

Би можело да ве интересира

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, а фотографијата е стара шест години

(ВИДЕО) Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Горан Наумовски

Активни 11 пожари во Македонија

А1он

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

Ангелов: Избегната е голема трагедија кај прилепско Бонче – огнот дојде до куќите

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор