ВИДЕО: Ангелов поднесе кривична пријава против Зврлевски

Од:

Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, се здоби со кривична пријава која ја поднесе денеска во Основното јавно обвинителство поранешниот генерал и лидер на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, Зврлевски треба да одговара за злоупотреба на службената положба, за спречување на пристап до јавен информатички систем и за повреда на рамноправноста на граѓаните.

Овие кривични дела, според Ангелов, јавниот обвинител ги сторил со тоа што издал нелегитимно сооштение со кое ги спречува медиумите да ги објавуваат снимените разговори што ги обелоденува СДСМ.

– Во својство на службено лице пријавениот Марко Зврлевски ја искористил својата службена положба упатил јавно соопштениое со што директно им забранил на медиумите да ги објавуваат снимените разговори на кои се слуша како претседателот на Владата, министерот во Владата и други државни функционери се договараат да извршуваат или извршиле, изборен криминал, корупција и пречекорување на овластувањата. Марко Зврлевски ја злоупотрбил својата положба и со незаконито соопштение ги спречил македонските граѓани во пристапот до информатички систем – изјави Ангелов денеска пред Јавното обвинителство.

Со ова соопштение, вели тој, јавниот обвинител ги лишил граѓаните од можноста да ги слушнат политичките бомби и да формираат свое мислење.

Како што рече, одлуки за забрана на емитување можат да се донесат само во пресуда и казнен налог. Јавното обвинилтество, пак, донесува само решенија и наредби, но не може, рече Ангелов, да забрани било што преку соопштенија. Тој повтори дека Македонската радио телевизија е должна да обезбеди витинито, правично и навремено информирање, и да не се крие зад соопштенија.

– Ние сме сведоци дека МРТ не обезбедува постојано, вистинито и непристрасно информирање на македонските граѓани. Со неемитување на политичките бомби граѓаните се лишени од можноста сами да ги слушнат овие разговори и сами да формираат свое мислење, да не подлегнуваат на медиуми кои со својата пропаганда ги убедуваат дека се работи за странски служби и платеници, нешто што не кореспондира со реалноста – рече тој.

Ангелов се сомнева дека обвинителството ќе покрене постапка по поднесената пријава, но рече дека кога со ЈО ќе управува независен обвинител, Зврлевски ќе мора да одговара за овие сомневања.

– Кривичната пријава ќе остане во обвинителството. Верувам дека кога ќе имаме јавен обвинител, чија цел ќе биде гонење на криминалот, тогаш Зврлевски ќе биде повикан да каже зошто го издал ова соопштение кое Горан Петревски и други уредници од МРТ го користат само како параван за необјавување на политичките бомби. Бидејќи и на нив им е јасно дека соопштението е ништовно со самото тоа што не е поткрепено со наредба – рече тој.

Ангелов продолжува со протестите секоја вечер пред МРТ. За сабота на пладне најавува масовнен протести на кој граѓаните уште еднаш, вели, ќе го кренат својот глас за да ја ослободат МРТ од прангите на режимот.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски