(ВИДЕО) Ангелов: Пејковски пушти го Љубе, во спротивно работите ќе тргнат во несакан правец

Од:

Директоре, Љубе Бошкоски е пред се човек, човек кој што во 2001 година беше министер за внатрешни работи. Како министер Љубе Бошкоски е оној кој што стоеше на чело на македонската одбрана во таа крвава 2001 година, затоа апелираме до вас да ја прекинете торутрата врз нашиот брат Љубе Бошкоски и веднаш да го ослободите, во спротивно работата ќе тргне во несакан правец, ние повеќе не можеме да чекаме бидејќи ова што му се случува на Љубе се коси со било кој човечки морал и со било кој правна или подзаконска норма, рече Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, Љубе Бошкоски спротивно на правилникот на затворот, спротивно на досегашната затворска пракса се уште гние во затворот Идризово. Тој го повикува директорот на затворот да покаже трошка човечност и да го пушти Љубе на слобода на крајот на оваа кон него нечесна и неиздржана казна.

-Директорот е тој кој што формално треба да пресече, а ние знаеме дека во оваа држава зад сите одлуки стојат други луѓе, но во овој момент тој е директор и треба да покаже малку човечка доблест како што реков кон човекот Љубе Бошкоски кој има 3 златни деца кои ги нема видено 10 години исто и неговата сопруга, рече Ангелов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска