(ВИДЕО) Ангелов: Од понеделник блокада на обвинителството

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов повика на протести и блокади на македонското обвинителство во понеделник на пладне, поради тоа што се уште молчи и не кажува дали и забранува на МРТ и со која одлука, да ги емитува снимките од опозицијата.

– Од понеделник со протести на пладне и блокади на македонското обвинитество, со десет луѓе ќе им влезам внатре, рече тој.

Ангелов најави дека и најголемата опозициска партија наскоро ќе излезе на улиците, и кажа дека тој и сите што протестираат пред МРТ ќе им се приклучат и ќе дадат поддршка. Според него, раководството на МРТ се жали дека им се вршело притисок, а всушност тие вршат насилство врз сите граѓани.

-Овде џелатот се претставува како жртва, оние што газат по Уставот и законите се нарекуваат жртва, а ние што бараме да го почитуваат законот сме вршеле притисок, рече тој.

Ангелов побара владата и пратениците да си поднесат оставки.

-Ние бараме да си заминат, овие луѓе владеат со нечесни избори, немаат легитимитет, ниту владата, ниту обвинителот, ниту раководството на МРТ. Сите што се именувани од македонското собрание немаат легитимитет, затоа собранието да се распушти и нека се формира експертска или техничка влада.

Сите знаеме дека во Македонија имаме изборен грабеж, изнесени се најмалку 1 милијарда евра, нема да ги оставиме да ги трошат нашите пари, ќе им го земеме и последниот денар, рече тој.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он