(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари.

При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума.

Тој предупреди дека ваквата ситуација претставува сериозна опасност од ширење на пожар, особено во услови на високи температури и суво време.

-Погледнете го ова. Погледнете ја оваа сува трева. Погледнете го овој куп суви гранки кои директно водат кон блиската шума. Ова е рецепт за катастрофа. Дали треба да се запали ова преубава шума за на некого да му преработи совеста. Секојдневно повикувам, предупредувам и ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето поведение за да не предизвикаат пожар. Секој ден нагласувам дека е доволно само една искра за да настане вистинска катастрофа – изјави Ангелов.

Тој изрази разочараност што, и покрај бројните апели од надлежните институции, сè уште се забележуваат случаи на палење оган на отворено во период кога опасноста од пожари е зголемена.

Ангелов уште еднаш апелираше до граѓаните да не палат оган во природа и да покажат одговорност кон животната средина и безбедноста на луѓето.

-Уште еднаш ве молам, не палете оган во текот на летото. Доволно е само искра за да настане катастрофа- порача Ангелов.

Би можело да ве интересира

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

ВИДЕО: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближи кон куќите

Катерина Ѓуровски

Потврдена трагичната вест: Државјанка на БиХ загина во пожарот кај Омиш

A1on

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on

(ВИДЕО) Гори кај Улцињ: Пожарите уништија маслинови насади, огнот се приближува до црква

A1on