(ВИДЕО) Ангелов: Груевски да биде притворен за да не ги повтори делата

Од:

Поранешниот генерал, Стојанче Ангелов, побара од јавното обвинителство да даде налог за притворање на премиерот, Никола Груевски, поради тежината на кривичната пријава што вчера против него ја поднесе СДСМ.

Како што вели Ангелов, премиерот треба да биде притворен додека трае истражната постапка затоа што во спротивно би можел да ги повтори делата, да побегне или да влијае на сведоците за докажување на крвичните дела. СДСМ, пак, со поднесените пријави, на премиерот му припишува злосторничко здружување, перење на пари и злоупотреба на службената положба.

– Бараме од Јавното обвинителство или од еден јавен обвинител кој ќе има храброст и доблест веднаш да му одреди мерка притвор на нелегитимниот премир, Никола Груевски. Исполнети се повеќе основи за мерката притвор, постои опасност од бегство затоа што има многу пари и лесно може да побегне и да земе лажен индентитет, постои основен страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи тррагите од криминалните дела, дека ќе влијае на сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи. Постои исто така страв дека ќе ги повтори кривичните дела, ќе ги доврши или ќе стори нови – изјави денеска Ангелов пред Основното јавно обвинителство.

Како што рече тој, случајот со комбето пред УЈП кој деновиве се појави во јавноста не е единствен сонителен случај на можно прикривање на докази. Според негови сознанија слични акции се случуваат и во МВР каде, рече Ангелов, се врши евакуација на документи кои се доказ за сторени кривични дела.

Лидерот на „Достоинство“ го повтори предлогот со еден милион евра да биде награден јавниот обвинител кој ќе започне постапка против Груевски. Тоа, рече тој, не е поткуп туку обид за мотивирање на јавните обвинители да ја извршат својата службена обврска. Парите, додаде, ќе се обезбедат по формирањето на техничката влада.

– Ништо не е еден милион евра за да се ослободиме од ова зло кое се обидува да не втурне во нов конфлик, Македонци против Македонци и Албанци против Албанци – посочи.

Вчера во јавното обвинителство беа поднесени кривични пријави против премиерот, против Миле Јанакиески, Коце Трајановски и други инволвирани во, како што рекоа од СДСМ, криминални и коруптивни дејства во врска со парцелите на Водно.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он