(ВИДЕО) Андов: Тешко изградивме единство за европска Македонија

Од:

Првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов, заедно со триесетина други пратеници од првиот парламентарен состав повика граѓаните да излезат да гласаат на рефереднумот. Тој како што рече сега постои единство околу идејата за европска Македонија за разлика од 1991 година кога единството многу тешко се градело.

– Тешко можеа Македонците меѓу себе да се усогласат, а уште потешко е што ние не можевме да го најдеме местото на сојузништво и со Албанците, па и со другите претставници на помалите етнички заедници кај нас, и тоа многу не чинеше, за некои работи дури и луѓе изгинаа. Денес постои формално единство, единство на Македонците, на Албанците, на припадниците на другите помали етнички заедници, единство околу европската идеја, Македонија да стане член на НАТО и ЕУ,рече Андов. Сите други работи, филозофии, не сфатиле оти единството ни е единствен излез, истакна Андов.

Пратениците порачаа дека ја искористиле историската шанса да ги удрат темелите на независна и суверена Македонија. Потсетија дека ја донеле декларацијата за независност, декларацијата за членство во ЕУ и НАТО, Уставот, како и одлуката за референдумот.

– Приемот во ОН беше условен со прифаќање на спогодбата со Грција и можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но не со референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега? Не згрешивме, ги направивме вистинските чекори во вистинското време. Можете да ги почитувате или не СДСМ и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или ДУИ и Ахмети и сите други партии, но Македонија мора да ја сакаме. Вашите ставови за партиите искажете ги на избори, но ова е референдум, рече поранешниот пратеник, Алил Џафероски.

Меѓу пратениците беа, првиот претседател на Собранието Стојан Андов, Петар Гошев, Тито Петковски, Васил Зимбаков, Мухамед Халили, Ѓулустана Марковска, Михаил Пановски, Исмет Рамадани и други.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска