(Видео) Андоновски: Дали судијата Нанев добил награда за прогонот на членови на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Националната агенција за европски образовни програми наместо да промовира европски вредности, претворена е во политичка алатка на СДСМ и Зоран Заев, обвини претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

„Наместо да се инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови или на невладини организации блиски до власта или на организации каде фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот прогон на опозицијата и реализација на политичката агенда на Зоран Заев. Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци“, посочи тој.

Андоновски истакна дека токму Лазар Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС во скопскиот Кривичен суд.

„Дали судијата Нанев поминува повеќе работно време на овој огромен проект или во својата работа како судија? Дали на судијата Нанев ова можеби му е награда за прогонот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Дали ова не претставува корумпирање на еден судија кој добива пари од државна агенција, знаејќи дека судската власт треба да биде целосно независна и одвоена од извршната власт?“, се дел од прашањата кој јавно ги упати претставникот на опозициската партија, кој додаде дека вакви коруптивни практики се прошируваат и во образовни институции во Прилеп, Скопје и Битола.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис