Андоновски: Македонија напредна за 16 места на Индексот на ОН за е-влада за 2026

Од:

Македонија е рангирана на 68-мото место во светот според индексот за развој на Обединетите Нации за е-влада за 2026 година, што претставува напредок за 16 позиции во однос на претходното рангирање од 2024 година кога беше на 84-то место, и најдобар пласман од 2010 година, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на прес-конференција.
​
Како што посочи Андоновски, ова е втор најдобар резултат во серијата рангирања на ОН од 2003 година.

Вредноста на индексот на земјата пораснал од околу 70 на 78 индексни поени, што е најголем раст на вредноста на индексот во регионот од 2024 година до денес. Со овој резултат, Македонија влегува во групата земји со многу високо ниво на развој на е-управувањето, како една од петте европски држави кои го направиле тој чекор во ова мерење, од вкупно 11 земји во светот.
​
Андоновски нагласи дека земјата има напредок по сите клучни компоненти што ги оценува извештајот.

Најголем раст има кај човечкиот капитал, каде оценката пораснала од 0,7 на 0,79, при што подобри резултати има кај писменоста за електронско управување, додека остануваат предизвици кај пошироките дигитални вештини.

Електронското учество на граѓаните, како дополнителен показател, се зголемило од 57% во 2024 година на 65% во 2026 година.

Одговарајќи на новинарски прашања, Андоновски информира дека на националниот портал uslugi.gov.mk во моментов се достапни 350 услуги – дел целосно електронски, а дел информативни.

Тој најави дека во следниот период се очекуваат десетина услуги од Министерството за внатрешни работи и околу триесетина од Фондот за здравство, со очекување до крајот на годината да биде дигитализиран значителен дел од нив. За следната година, најави и отворање онлајн форма на uslugi.gov.mk каде граѓаните ќе можат да предложат кои услуги треба да се дигитализираат.

Во однос на унапредувањето на дигиталните вештини, министерот најави дека продолжува проектот во основните училишта, додека за повозрасните граѓани се планира теренска кампања и средби во пензионерските клубови низ државата во соработка со Министерството за социјала, опфаќајќи го користењето на дигитални услуги, банкарски услуги и социјални мрежи.
​
За следното мерење на ОН во 2028 година, Андоновски изрази очекување Македонија да оствари напредок од 20 до 30 места, со подобрување во дигиталната поврзаност, телеинфраструктурата, вештините на граѓаните и користењето на новите дигитални услуги.

Би можело да ве интересира

За еден ден 650.000 трансакции преку платформата за интероперабилност, во 2024 толку имало за цел месец

Андоновски: Винарниците и другите фирми можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино

A1on

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите

Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027

Катерина Ѓуровски

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино