Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино

Од:

Многу скоро се очекува електронски да се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино. Министерот за дигитална транформација Стеван Андоновски вели дека процесот е во фаза на тестирање. Очекува голем интерес како од страна на производителите, така и од страна на извозниците.

– Со Инспекторатот за земјоделство многу скоро започнуваме со издавање на потврдите за извоз на тутун и вино коишто многу се користат затоа што за секоја серија се бара нова потврда. Во завршна фаза и тестирање сме на оваа услуга. Очекувам огромен интерес од страна на производитеите и извозниците – изјави денеска министерот Андоновски, кој присуствуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.

Андоновски најавува дека наскоро електронски ќе се врши и пријавувањето новороденче со тоа што првично најавуваниот рок од 48 часа за издавање на изводот е скратен на 24 часа.

– Паралелно со тоа работиме и со Фондот за здравствено осигурување по автоматизам да се активира здравственото осигурување за новорденчиња и социјалната помош за новороденчиња, рече Андоновски.

Андоновски е задоволен од националниот портал uslugi.com.mk каде, како што посочи, се бележи раст на бројот на трансакции од 150 проценти на месечно ниво.

– Бројот на приклучени институции од приватниот и од државниот сектор од отприлика 30 до 35 институции во 2024 година денес достигнува бројка од околу 90 институции и компании. Како што знаете, порталот го отворивме и за приватните компании, закачувањето е бесплатно, а споделувањето на информации е безбедно, заштитено со закон и на платформа којашто не дозволува протекување на информации, нагласи Андоновски.

Би можело да ве интересира

За еден ден 650.000 трансакции преку платформата за интероперабилност, во 2024 толку имало за цел месец

Андоновски: Винарниците и другите фирми можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино

A1on

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите

Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027

Катерина Ѓуровски

Андоновски: Потребен е модел за забрана или ограничување на користење телефони за време на наставата