(ВИДЕО) Андоновска: Филипче и Шилегов мора да понесат одговорност за хаосот и хоророт во „Дрисла“

Од:

Власта е во хаос, а хаосот што го продуцираат Шилегов, Макрадули и Филипче граѓаните го плаќаат со сопственото здравје.

Откако вчера беше обелоденето дека медицински отпад непрописно се третирал и носел во „Дрисла“, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во река Вардар, надлежните креираат дополнителна конфузија, бегаат од одговорност и внесуваат уште поголем страв во јавноста, обвини Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов нè убедува дека контролите на надлежните инспекторати не покажале неправилности, а министерот за здравство Венко Филипче го нема никаде.

Го нема да одговори и да објасни дали воопшто знае што се случува и каде завршува медицинскиот отпад!“, рече таа.

Според Андоновска, Шилегов наместо да одговори на јавноста за хоророт што се случува, направил дополнителен хаос.

„Шилегов само отвори дополнителни прашања, во обид да се изземе од одговорност за она што се случува изминативе две и пол години откако е тој прв човек на градот.

Јани Макрадули исто така молчи околу инспекциите и папагалски ни повторува дека „сè е под контрола, се проверува“, рече таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ